Брза фритата со домати и фета сирење

од desk2
209 прегледи

Брз рецепт за летна фритата, мирисна, вкусна и едноставна за подготовка.

СОСТОЈКИ:
6 јајца
200 гр кисела павлака
1/2 главица кромид
2 домати
150 гр фета сирење
свеж босилек
сол
бибер
маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во чинија добро разматете јајца и павлака. Во тава загрејте маслиново масло и пропржете сечкан кромид.

Прелијте го кромидот со разматени јајца, преку распоредете домати сечкани на кругови, издробено фета сирење и листови босилек.

Оставете на рингла 4-5 минути, потоа превртете со помош на чинија, поклопете и оставете уште 2 минути да се запече.
Добар апетит!

Слични содржини