Илјадници Македонци ,,наседнаа” на лажна наградна игра

од desk2
106 прегледи

Илјадници Македонци повторно ,,наседнаа” на лажна наградна игра и во тек на вчерашниот ден го преплавија интернетот со споделување на лажната објава од измамници кои се претставиле како официјални претставници на КАМ маркетите, отворајќи страница на Фејсбук, и од нив барале да напишат

–Учествувам, и да го споделат линкот од наводната наградна игра.


Со цел да добијат ваучер во вредност од околу 5.000 денари, илјадници љубители на производите на популарниот ланец на маркети КАМ, покрај задолжителното ,,Учествувам”, вчера објавуваа и комплименти за производите на маркетот, го фалеа персоналот и го споделуваа линкот од лажната страница.

И покрај тоа што на официјалната страница на КАМ маркетите веднаш се објави информацијата дека тие не организираат никаква наградна игра, и се апелираше случајот да пријави во Секторот за компјутерски криминал, доколку некој во име на маркетите побара лични податоци или податоци за платежна картичка, добар дел од јавноста го игнорираше соопштението./Fokus

Слични содржини