Брзи бомбици со газиран сок

од desk2
504 прегледи

Бомбици со газиран сок кои се вкусни и брзи:

СОСТОЈКИ:
300 гр. мелени бисквити
150 гр. чоколадо
100 гр. ситно сечени ореви
50 гр. шеќер
100 мл. газиран сок од портокал

ПОДГОТОВКА:
Земете сад и ставете ги мелените бисквити заедно со шеќерот и газираниот сок од портокал, а чоколадото растопете го на пареа, па додадете го во смесата.
Потоа, додајте ги и ситно исечените ореви, па смесата добро соединете ја во садот.
Навлажнете ги дланките и обликувајте топчиња.

Слични содржини