ЕУ одамна предупреди дека Инфомакс е проруска веб страница што се служи со теории на заговор и ултранационализам

од Vlatko K
132 прегледи

Во Извештајот на Генералниот директорат за надворешни политики на Европската комисија „Стратешки комуникации на ЕУ во борбата против пропагандата“, објавен во 2016 година, пишува: „Постојат голем број медиумски групи финансирани од Москва (иако не отворено) кои го промовираат светогледот на Кремљ, честопати во комбинација со теории на заговор и српски ултранационализам. Ова вклучува периодични списанија и портали преку Интернет, како што се „Геополитика“, „Восток“, „Њуз фронт“, „Руски експрес“ и „Газета“. Не помалку важно, има локални медиуми што експлицитно го поддржуваат Кремљ („Правда“, „Печат“, „Ослобоѓење“, „Србин.инфо“, радиото „Снага народа“ и македонскиот портал „Инфомакс“), а про-Кремљ гледиштата се појавуваат и во дел од етаблираните печатени и електронски медиуми.“, пишува Цивилмедиа

„Инфомакс“ се вбројува меѓу локалните медиумски групи на Западниот Балкан што се означени како проруски, финансирани од Москва и кои се служат со комбинации на теории на заговор и ултранационализам, според Извештајот на Генералниот директорат за надворешни политики на Европската комисија „Стратешки комуникации на ЕУ во борбата против пропагандата“, објавен во 2016 година.

ЕУ сериозно и систематски им приоѓаат на прашањата поврзани со дезинформациите и пропагандата и јасно го идентификуваат извориштето на оваа хибридна закана за стабилноста и безбедноста во Европа и во светот. Инфомакс е проруски продукт. Теориите на заговор и ултранационализмот, лажните вести и говорот на омразата се главнина на секојдневната продукција на овој и низа други медиумски групи во нашата земја. Тие се ноторни непријатели на фактите и професионалното новинарство, а нивните содржини не се разликуваат многу од оние што се под контрола на Вучиќ во Србија или на авторитарните и криминалните центри на моќ во некои други земји во Европа.

Во Извештајот на ова извонредно релевантно тело на Европската Унија, на страница 12, пишува: „Постојат голем број медиумски групи финансирани од Москва (иако не отворено) кои го промовираат светогледот на Кремљ, честопати во комбинација со теории на заговор и српски ултранационализам. Ова вклучува периодични списанија и портали преку Интернет, како што се „Геополитика“, „Восток“, „Њуз фронт“, „Руски експрес“ и „Газета“. Не помалку важно, има локални медиуми што експлицитно го поддржуваат Кремљ („Правда“, „Печат“, „Ослобоѓење“, „Србин.инфо“, радиото „Снага народа“ и македонскиот портал „Инфомакс“), а про-Кремљ гледиштата се појавуваат и во дел од етаблираните печатени и електронски медиуми. На пример, неодамнешната колумна за „Политика“, најстариот српски дневен весник, од аналитичарот Мирослав Лазански, ги осуди откритијата на „Панама пејперс“ како напад од страна на САД врз Путин.“

Нема потреба да се истражува премногу по јавните интернет архиви за да дојдеме до вакви извештаи и констатации. Активностите на овие групи што се кријат за слободата на изразувањето и медиумските слободи се повеќе од очигледни низ секојдневни примери. Сепак, значајно е што една висока ЕУ институција во својот извештај го детектира ова прашање и го издвојува овој портал како таков. Како во Европа, така и во Северна Македонија, постојат релевантни институции и безбедносни структури чија задача е да се борат против овие закани. Во ЕУ веќе се спроведуваат одлучни мерки против хибридните закани по стабилноста и безбедноста што ги спонзорира режимот на Путин. Прашањето дали и Северна Македонија ќе се приклучи кон борбата против овие закани со конкретни мерки, останува отворено.

Џабир Дерала

Слични содржини