333
Авторот на најпознатите песни во светот, младиот британски музичар Ед Ширан донесе интересна одлука, да се пензионира на 28 години?! Сепак, за многумина ова можеби и не е неочекувано, со оглед дека Ширан досега има заработено милиони, а се најде и на 17. место на листата на најбогати музичари во Велика Британија.
Тој ја сподели веста со своите фанови за време на настапот во паркот „Чантри“ во Ипсвич во рамките на неговата турнеја „Дивиде“ и притоа им порача дека е последна.
Ширан планира своето време да ѝ го посвети на сопругата Чери Сиборн, која е негова љубов уште од средношколските денови.