Црвеното вино е добро за дигестивниот систем

од Vlatko K
174 прегледи

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучиле дека црвеното вино е корисно за
дигестивниот систем, пренесува АФП.


Луѓето кои пијат црвено вино имаат покорисни бактерии во цревата, што е индикатор за добро
здравје на гастроинтестиналниот тракт во споредба со луѓето кои пијат друг алкохол.

Студијата беше објавена во списанието „Гастроентерологија“. Таа го споредува ефектот на пивото,
виното и силниот алкохол врз популацијата на микроорганизми во цревата, наречена „микробиом“.

„Колку поразлични се корисните бактерии, толку подобро за луѓето. Тој ќе може поефикасно да се
бори против болестите и да произведува повеќе метаболити од храната, што ја консумира“, вели
раководителот на студијатата, Каролин Ле Рој.

Лошата рамнотежа помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии може да доведе до слабеење на
имунолошкиот систем, маснотии и висок холестерол.