Анкета: Над 60 отсто од Косовците нема да излезат на избори

од Vlatko K
124 прегледи

Речиси две третини од учесниците во анкетата што ја спроведе новинската агенција КосоваПрес изјавиле дека нема да гласаат на вонредните избори што на 6 октомври ќе се одржат во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во онлајн анкетата на агенцијата, со прашање „Дали ќе учествувате на изборите?“, гласале 3.701 лице. Од нив, 2.332 лица, или 63 отсто од анкетираните, изјавиле дека нема да излезат на гласање, 1.216, или 33 отсто, дека ќе гласаат, додека 153, односно 4 отсто, одговориле дека не знаат.

Вонредните избори на 6 октомври годинава ќе се одржат откако премиерот Рамуш Харадинај, на 19 јули, поднесе оставка на функцијата, по што Собранието на Косово, на 22 август, се самораспушти.