Изложба на дигитални колажи на Марија Смилевска

од Vlatko K
132 прегледи

Изложба на дигитални колажи на Марија Смилевска ќе биде отворена вечер во 19 часот на плоштадот во Автокоманда, во организација на Културниот центар 750.

– Преку мистериозните фигуративни форми позиционирани во имагинарни амбиенти, дигиталните колажи на Смилевска го повикуваат гледачот да комуницира со внатрешниот свет на осамените личности, соопшти организаторот на изложбата која ќе биде отворена до 5 септември, секој ден од 19 до 22 часот.
Марија Смилевска (Скопје, 1980) дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Работи како графички дизајнер, слика и прави дигитални колажи-илустрации.
Досега имала три самостојни изложби во Скопје, а нејзини дела биле застапени на повеќе групни изложби, едно биенале, мултимедијални перформанси, истражувачки проекти и интервенции во јавен простор, во Скопје, Кавадарци,  Берлин и на островот Корчула во Хрватска.

Слични содржини