(Видео) Тенисерот Брајан е казнет со 10 000 долари поради ,,пукање” кон судиите

од desk2
159 прегледи

Еден од најдобрите тенисери во дубл во историјата , Американецот Мајк Брајан е казнет со 10 000 долари зашто на мечот од второто коло на УС Опен го впери рекетот како пушка кон судиите.

Мајк побара проверка на мечот и ја доби, по што направи гест кон линискиот судија, а потоа и кон директорот.

„Само кажи ми брзо што направив и каков беше мојот гест“, и рече Мајк на судијката, откако го предупреди, а Маријана Алвеш одговори:

„Направивте гест пред линискиот судија и кон мене, го направивте тоа со рекетот како да е пушка. Мислам дека не е соодветно“.