295
Првиот хибриден Ламборџини , сепак го задржа V12 моторот , а дизајнот може да ги исплаши и најхрабрите.
Се вика Сиан , а во Франкфурт ќе го означи новиот период на работењето на Ламборџини. Во болидот, освен V12 моторот е вграден и електричен мотор од 34 Кс , кој ќе помага при маневри како паркирање и возење наназад.
Вкупно станува збор за сила на моторот од 819 Кс.
До 100км/час стигнува само за 2,8 секунди и вози до 350 км/час. Ваквото задоволство ќе може да го испробаат само 63 одбрани , кои имале да платат 3,6 милиони долари.
Секој примерок е веќе продаден пред почетокот на производството , така што за испораките ќе треба да почекаат и една година.