128
-Читање на дел од поезијата на авторот Васил Маневски имаа поетеси од Пехчево, инаку мои соработнички, кои читаа дел од поезијата на Маневски. Во рамки на настанот имавме и музички дел, во кој свое претставување на гитара имаше младата Маја Пандова од Пехчево. Се надевам дека ќе имаме уште вакви промоции и во иднина, рече Костадинова.
Авторот задоволен од приемот кај публиката најави продолжување на творечката дејност.
-Убаво е кога навидум едно подзаборавено дело се издигна од пепелта и повторно со неколкуте катрени стана привлечно не само за љубителите на пишаниот збор на моја возраст, туку и за помладите генерации. Ова за луѓе на наши години е она што не тера да твориме и понатаму, рече Маневски.
Делото „Зад твојот сон“ е втора едиција на првото издание на новинарот во пензија, дело кое излезе пред 40 години и е дополнето со осум катрени. Претходно, делото беше промовирано во Делчево и во село Разловци.