Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска предупреди дека неговата земја веќе не може да ги отвори границите во случај на нов бегалски бран, што се заканува по нападите врз Идлиб во Сирија.

Според него, Турција инсистира на тоа регионот источно од Еуфрат и ирачката граница да се исчисти од „терористичката закана од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот. Кажа и дека за него е неприфатливо САД да испраќаат илјадници шлепери помош и оружје во тој регион, што, додаде, на крајот стануваат закана за Турција.
-Од САД очекуваме да биде крај нас во борбата против тероризмот и инсистирањето да воспоставиме безбедносна зона за мигрантите, рече Ердоган.