153
Подгответе брз и вкусен ручек – запечени макарони со праз и јајца.
СОСТОЈКИ:
250 гр макарони
250-300 гр праз
2 јајца
150 мл млеко
јогурт
200 гр бело сирење
малку путер
неколку парчиња сланина
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Згответе макарони во солена вода, но да останат цврсти. Измијте го празот и ситно исечкајте го, па во тефлонска тава малку пропржете го сланина исечена на коцки.
Измешајте сирење, јајца и путер, соединете со праз и сланина, па заедно ставете во исцедените макарони и измешајте. Ставете и млеко по избор, повторно измешајте, па макароните ставете ги во намастен плех посипен со коцки путер и печете на 250 степени додека не поруменат.
Пред сервирање оставете да се изладат околу пет минути.