Чоколадни коцки

од desk2
580 прегледи

Направете вкусни и брзи чоколадни коцки за кои нема да потрошите многу пари.

СОСТОЈКИ:
2 јајца
100 гр. шеќер
2 дл. вода
1 ванилин шеќер
1 дл. масло
300 гр. брашно
2 лажици какао
1 прашок за пециво

ГЛАЗУРА:
2 јајца
140 гр. шеќер
150 гр. темно чоколадо
100 гр. маргарин

ПОДГОТОВКА:
Се матат за бисквит јајцата со вода и масло, а потоа се додава брашното измешано во сад со какао и прашок за пециво, како и ванилин шеќер.
Се меша се убаво и се става на тепсија со масло и брашно, се пече 30 минути на 180 степени, додека не почне да се двои од тепсијата.
Се матат за глазура јајца со шеќер на пареа, се става чоколадо со маргарин.
Се лади малку и се става на бисквитот.
Се сечат коцки, а се декорираат по желба со кокос, ореви, бадеми, лешници, мрвици…

Слични содржини