172
Инклузивна претстава „Пепелашка“, во која главните улоги ги играат деца со попреченост ќе биде изведена денеска на отворената сцена во Домот на млади во Штип.
Претставата е подготвена од танцовото инклузивно студио „Еурека“. Подготовката на претставата е делумно помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, а финансиски поддржан од Европската унија.