Дали понекогаш се прашувате дали проблемот е во вас, зошто сè уште не сте ја пронашле сродната душа? Дали премногу ја почитувате својата слобода, па се плашите дека некој друг ќе ви ја наруши? Сепак, треба да го промените вашиот став и да бидете отворени за нови луѓе и предизвици.
Следните работи укажуваат на тоа дека имате фобија од влегување во врска и дека тоа е главната причина зошто сте сингл.
Тешко ви е да се посветите
Се плашите дека љубовната врска може да ви го одземе слободното време што го посветувате на вашите омилени активности, без разлика дали станува збор за работата, семејството, некој курс, тренинг.
Сепак, тоа не мора да биде така. Вие сте тие што одредувате колку ќе дадете време на себе и на кој начин, важно е да го најдете темпото кое ви одговара.
Секогаш „паѓате“ на погрешен тип
Истражувањата покажаа дека многу жени потсвесно паѓаат на лоши момци и женкари, баш поради стравот да влезат во врска. Наредниот пат, проценете какви намери има личноста со која излегувате.
Се плашите дека ќе бидете оставени
Оставете го овој страв во минатото. Мора да сфатите дека не постојат две исти личности и понекогаш вреди да ризикувате.
Се сметатe за личност која не е подготвена да биде во врска
Сметате дека нема што да понудите на партнерот. Ова често ја гуши вашата самодоверба и ве прави несигурни.
Најпрвин, посветете време на вас пред да се впуштите во љубовна врска.