Претставниците на ЕУ вклучени во преговорите за Брегзит меѓу Лондон и Брисел, негираат дека страните се близу до постигнување договор . Ова беше објавено во неделата од Гардијан.
„Ова не е случај. Всушност, сите се малку загрижени“, порача извор што ги претставува преговорите на ЕУ. “Јас дури и не би ги нарекол преговори. Во текот на последната рунда во петокот, ние се осврнавме на суштинскиот дел, што, се разбира, е чекор напред, но ова требаше да се направи многу поодамна и засега сме далеку од крајниот резултат”.
„Поради сето ова, можеби се ова изгледа малку на шега, но ние зборуваме за исклучително сериозни работи. Во отсуство на договор, последиците ќе бидат крајно сериозни, но се чини дека во Лондон ситуацијата се гледа како игра во која тие се херои. Тие ги разгледуваат преговорите и тоа како на измислена приказна, а не како реалност “, рече изворот.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, две години по писменото известување за напуштање на заедницата. Сепак, членовите на Долниот дом на британскиот парламент трипати го отфрлија нацрт-договорот за услови за Брекзит, постигнат меѓу Брисел и владата на премиерот Тереза Меј.
Како резултат, ЕУ се согласи да го одложи разводот, прво за април или мај, потоа за 31 октомври, а Меј беше принудена да си даде оставка, не успевајќи да го сруши ќор-сокакот. Џонсон, кој ја замени, вети дека земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор.