Кристијано Роналдо: Не ме форсирајте, еден ден ќе се случи!

од desk2
164 прегледи

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека не планира во скоро време да стапи во брак. Тој за својата девојка Георгина Рондигес, која е мајка на неговите две деца, вели дека е неговата најголема љубов во животот.

– Најава за брак? Не сега, не можам да го потврдам тоа во ова интервју. Ова не е приоритет. Но, во целина, зошто да не. Еден ден. Не дека јас го избегнувам тоа – рече Роналдо во интервјуто за Пирс Морган.

На констатацијата на Морган дека Роналдо веќе има 34 години и четири деца и дека го избегнува стапувањето во брак, изјави:

– Не ме форсирај, те молам! Еден ден ова ќе се случи. На крајот на краиштата и мајка ми исто така, сонува за тоа. Затоа ќе се случи еден ден – нагласи Роналдо.

Инаку Kристијано Роналдо Дос Сантос Авиеро (португалски: Cristiano Ronaldo dos Santos Aveiro, роден на 5 февруари 1985 во Фуншал) — португалски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на португалската репрезентација.

Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадеира. Пораснал во палатата Фуншал во Санто Антонио, со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот).

Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време. Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).

Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето.

Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила. На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка. На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина, од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.

Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.

Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.