581
Ладните есенски денови се создадени за топло тесто со мирис на лук…
СОСТОЈКИ:
500 гр тенки кори
250 гр сирење
масло
200 гр кисело млеко
3 чешниња лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Секоја кора намачкајте ја со малку масло и 1 лажица сирење и свиткајте и редете во намастен плех во круг. Од горе малку премачкајте со масло. Печете на 200 степени околу 25 минути.
Во киселото млеко надробете 3 чешниња лук. Печената пита премачкајте ја и вратете во рерна околу 10 минути.