Косово: Започнува кампањата за парламентарните избори на 6 октомври

од desk4
136 прегледи

Изборната кампања за предвремените парламентарни избори во Косово, кои ќе се одржат на 6 октомври, започнува денеска и ќе трае десет дена, до 4 октомври на полноќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

На годинешните, седми по ред парламентарни избори од прогласувањето на независноста на Косово, учествуваат 25 политички субјекти верификувани од Централната изборна комисија (ЦИК).

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави ЦИК, имаат 1.937.868 лица, што е за околу 65 илјади лица повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата – локалните избори од 22 октомври 2017 година.

Вонредните парламентарни избори на 6 октомври во Косово ќе се одржат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти. 

Слични содржини