ФИФА објасни што се случило со гласовите за Салах

од desk2
140 прегледи

Светската куќа на фудбалот даде објаснување зошто гласовите од капитенот и селекторот на Египет биле неважечки.

Проблемот бил што капитенот и селекторот наместо да се потпишат со својот оригинален потпис, едноставно си ги напишале имињата со печатни букви. Тоа за ФИФА буди сомнеж дека лично тие гласале. Капак било и тоа што генералниот секретар заборавил да ги потпише формуларите.

„Потписите на гласачките ливчиња беа со печатни букви и поради тоа беа невалидни (неавтентични). Исто така, формуларите не беа потпишани од страна на генералниот секретар на Египетската федерација, нешто што е задолжително“, стои во објаснувањето на ФИФА.

Воедно, од ФИФА изјавија дека Египќаните на двапати биле потсетувани да ги средат формуларите за гласање според правилата. Во Египетската фудбалска федерација летово се случуваа разни превирања, а кон крајот на август мораше и ФИФА да интервенира за да се среди ситуацијата.

Оригиналниот документ со целосната листа на гласови можете да ја разгледате со клук тука. На неа ги нема гласовите на египетскиот капитен и селектор.

Што се однесува до гласачките ливчиња на капитенот на Никарагва и на селекторот на Судан, од ФИФА велат: „Тие се потпишани и потврдени со официјален печат од нивните федерации“.

Капитенот на Никарагва, Хуан Барера тврди дека воопшто не гласал, но неговите гласови се појавија на официјалниот докимент со гласови.

Кај суданскиот селекторот единственото нешто што е згрешено е неговото презиме бидејќи наместо Логарушиќ стои Лугаришиќ.