177
На денешната седница на Судскиот совет, Александар Чичаковски, поранешниот претседател на Државната изборна комисија е избран за судија во Управниот суд, во конкуренција на 31 кандидати за 2 судиски места, а за кого гласаа 11 членови на Судскиот совет.
Покрај Чичаковски, избрана е и Елеонора Ајро, сопругата на специјалниот обвинител Артан Ајро, познат по судскиот предмет „Тврдина-Таргет“.
Ова е последниот избор за судии во Управниот суд по стариот Закон, бидејќи огласот беше објавен пред 25 мај, кога во сила стапи новиот Закон, со кој е предвидено да се бираат кандидати со завршена академија на судии.