При симулација на нуклеарен напад снимена е внатрешноста на бомбардерот B-52, а благодарение на снимката испливаа некои детали кои до сега не се видени.
Видеото прикажува подготовки за стратешко полетување, вклучително и покренување на моторот. Прв детал, до сега неоткриен е контролната табла за нукеарно оружје, пренесе Спутник.
Така на 27-та секунда се гледаат прекинувачите за активирање на нукеарното оружје, отклучувањето и копчето за активација.
Потоа се забележуваат две копчиња, корното како прекунувач за автоматско или рачно покренување, а откако е одбран рачниот режим пилотот мора да притисне уште едно копче за да го изврши нукеарниот напад.
На крајот на снимката може да се види дека пилото носи таканаречена PLZT кацига која му ги штити очите од интензивниот блесок. По експлозијата нуклеарната бомба може да го ослепи пилотот во следните 20 минути, но кацигата има кристали кои при силен блесок се обојуваат.
Овие фотографии ги направил Џеф Болтон.