Тишина за среќа: Овие нешта треба да ги зачувате за себе

од desk4
390 прегледи

Дали некогаш сте се запрашале зошто толку често ја слушате фразата „Среќата сака тишина“?

Тоа не се само празни зборови. Постојат работи што е подобро да не ги кажуваме на никого. Се прашувате зошто? Бидејќи зборовите ја имаат својата енергија и моќ и колку повеќе зборувате, толку повеќе ја растурате својата енергијата што можете да ја потрошите на продуктивни активности.

Pixabay

Некои нешта сепак треба да си останат само за вас. Прочитајте за што се работи:

Духовно знаење

Се работи за она што сте го научиле преку вашето искуство или некој друг ве научил на важна лекција. Тие работи зачувајте ги за себе, а ако некој побара совет, дајте му го, но дозирајте, бидејќи и вас ви требало време тоа да го научите, прифатите и применувате.

Планови за иднината

Секој план е само план сè додека не се спроведе на дело. Разговарајте за тоа што сакате да постигнете кога веќе се случило. Ова нема да дозволи вашиот план да пропадне.
Колку повеќе луѓе се вклучени во тоа, толку повеќе внесувате измешани импулси на енергија во планот.

Лична приказна

Не зборувајте премногу за себе, особено со луѓе со кои штотуку сте се запознале. Никогаш не знаете какви реакции ќе имаат другите кон вашите приказни, а може и да се случи да ве наполнат со скептичост и негативна енергија.

Озборувања

Не озборувајте! Не споделувајте непроверени информации на други луѓе, особено ако е непријатно, лично и скокотливо или ако има и најмала шанса да се работи за нешто неточно.

Добротворни цели

Не кажувајте им на луѓето како сте помогнале на некого со пари или на друг начин. Добротворноста е нешто што е многу ценето, па ако се фалите за тоа, вашата гордост ќе почне да расте и секако, ништо добро нема да дојде со тоа.

Проблеми

Не вреди да се жалите за вашите проблеми на секој. За нив попрво би биле заинтересирани мал круг на луѓе – вие и луѓето кои ве сакаат. Другите можеби едвај чекаат да се ситат на вашата драма.
Освен тоа, колку повеќе зборувате за вашите проблеми, толку пореални тие стануваат, затоа што трошите време и енергија не обидувајќи се да најдете решение, туку само во жалење.

Личен живот

Љубовта е нешто што мора да остане меѓу вас и оној што го сакате. Ова е информација за двајца и сите други се исклучени од тоа. Единствено, можете да побарате совет од некого на кој му верувате и знаете дека нема да направи ништо за да ве стави во уште полоша ситуација.

Слични содржини