Подгответе поинакви компири

од desk2
189 прегледи

Татер тост е јадење од компири кое настанало пред 50 години кога Американците не сакале да фрлаат остатоци од храна, па го смислиле овој фантастичен прилог.

СОСТОЈКИ:
1 кг компири
1 лажица брашно
1 лажичка лук во гранули
1/4 лажичка оригано
1/4 лажичка чили
сол
бибер
масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите ставете ги во ладна вода и гответе околу 7 минуи па исцедете и оставете да се изладат. Потоа изрендајте ги компирите, па добро исцедете ги во чиста кујнска крпа. Префрлете ги во голем сад и додајте ги останатите состојки, освен масло.

Обликувајте топчиња и пржете ги во тава додека не станат крцкави – околу 3-4 минути.

Извадете ги на хартиени салфети, па послужете со сирење, кечап и мајонез. Можете да направите и некое јадење од нив.
Добар апетит!

Слични содржини