212
Превкусен рецепт за сос за шпагети.
Состојки 500 гр шпагети 1 главица кромид 1/2 китка магдонос 1 конзерва туна 1 тегла пелати прстофат оригано прстофат чили прстофат бибер прстофат куркума сол по вкус масло за пржење
Подготовка
Најпрво ги ставаме да се варат шпагетите според упатството на кесичката.
1. Кромидот го сечкаме на ситни парченца и го упржуваме на масло на средна температура, да ни застакли.
2. Ја додаваме туната од конзерва, без маслото во кое стоела и кратко упржуваме.
3. Ги додаваме пелатите, упржуваме. За време на пржењето тие почнуваат да се распаѓаат, ама јас дополнително земам рачен блендер и целата смеса кратко ја блендирам.
4. Кога ќе испари водата до посакуваната густина, ставаме сечкан магдонос и зачините, уште малку го оставаме сосот да се вари за да ги прими зачините
5. Сервирајте топло.
Забелешка
Чили ставаме по вкус, односно до мерка која сакаме да ни биде лут сосот./Moi Recepti