Груби: Комисијата дава позитивно мислење за употребата на албанскиот јазик кај партиите и униформите и ние ќе го почитуваме

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици е правно политички срам за државата која го нанесува владата на Зоран Заев. Пратеникот Антонио Милошоски вели дека оваа „правна шлаканица за целата Владата“ треба да биде прифатена од премиерот и да го исполни своето ветување дека забелешките на Венецијанската комисија ќе бидат преточени во амандмани.

– Бараме веднаш да се повлече и Закон за инспекторат за употреба на јазиците кој е во собраниска процедура. Ние сметаме дека законот од 2008 година е применлив, и може треба да се прилагоди уште малку. Но, на тој закон немало вакви ригидни забелешки и правни недостатоци кои беа посочени од Венецијанската комисија за овој закон за кој предупредувавме дека е неефикасен и е повеќе политички, а не подобрува јазични стандарди или права – вели Милошоски.

На ова одговори Артан Груби кој смета дека кој смета дека законот е сосема применлив во пракса. Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи, вели пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците.

– Не е примено мислењето на Венецијанската, но какво и да е, ние ќе го почитуваме. Во оваа драфт верзија, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права на и изразува загриженост само во делот на цената на чинење на неговата имплементација. Цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките подноси е неспроведлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор. Комисијата го поздравува и дава позитивно мислење за употреба на албанскиот јазик кај партиите и униформите. – вели Груби.

Слични содржини