Сија боледува од несекојдневна болест

од desk2
228 прегледи

Пејачката сака да им порача на сите кои се борат со некоја хронична болест, дека не се сами.

Австралиската пејачка Сија, позната по криењето на својот идентитет на сцена, сподели со своите фанови една вест на нејзиниот Твитер. Таа напиша дека има Елерс- Данлосов синдром (ЕДС), ретка наследна болест која е карактеристична по претерана подвижност на зглобовите, претерана еластичност на кожата, кревкост на сите ткива, што може да предизвика силна болка во зглобовите и умор, пишува „Eonline.com“.

Ова признавање наиде на позитивни коментари од нејзините фанови кои ја споделиле нејзината порака.