РЕКЕТ: Денеска Боки13 ќе дава исказ пред Русковска, Јанева уште молчи

од desk4
166 прегледи

Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска за првпат ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.

Минатата недела Апелацискиот суд  го одби  барањето на Јовановски за прекин на притворот  поради неговата здравствена состојба. Иако истрагата за овој случај е веќе завршена, судот оцени дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен.

Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски – Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември и е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Тројцата осомничени, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да добие подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ од Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција истрагата за овој случај ја почна на 5 јули, по што први беа уапсени  Јовановски и Милевски, а подоцна и првиот човек на СЈО Катица Јанева .