Потпишана Конвенција за намалување на бездржавјанството

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Ова е мал чекор за Република Северна Македонија, но голем за Обединетите нации!

На средбата, која заедно со министерот Спасовски ја имавме со Високиот комесар за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди, силно беше поздравена ратификацијата на Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството, потенцирајќи дека ова е мал чекор за Република Северна Македонија, но голем за Обединетите нации.
Комесарот Гранди ја поздрави храброста и одлучноста со која Република Северна Македонија го реши отвореното прашање за името со Република Грција и посочи дека сме позитивен пример за целиот регион и пошироко. – напиша Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи.

Особено важна беше искажаната подготвеноста на ОН да и’ дадат помош и поддршка на нашата држава во процесот на усогласување на закнодавството и преговорите за сегментите од поглавјата кои ги опфаќаат прашањата на азил и миграција.
“Од нас ја имате целосната поддршка за ЕУ интеграциите на Вашата земја”, нагласи Гранди на средбата.

Слични содржини