Работата за викенд може сериозно да го искомплицира менталното здравје

од desk4
421 прегледи

Универзитетот во Лондон спровел истражување во кое учествувале 40.000 работници, по кое е донесен заклучок дека прекувремената работа и работата за викенд го зголемуваат ризикот за развој на депресија. Жените се поподложни на депресија како последица на прекувремена работа.

Pixabay

Жените кои работеле повеќе од 50 работни часови имале 7,3% зголемен ризик за депресија, додека оние кои работеле за викенд имале 4,6% понагласени симптоми за разлика од останатите, кои не работат во сабота и недела.

Најзагрозени се оние кои покрај прекувремената работа, пушат цигари и имаат ниски примања, како и оние кои не се задоволни со условите на работното место.

Мажите покажале понизок процент на депресивност. Истражувачите се надеваат дека овие резултати ќе придонесат и во зачувувањето на менталното здравје на работниците, како и за подобрување на положбата на жената на работното место.

Слични содржини