Чиле, домаќинот на годишното собрание на Интерпол што почнува на 15 октомври, во последен момент одобри учество на делегација од Косово, дознава РТС.

Чилеанските власти одобрија учество на делегација од Приштина на Генералното собрание на Интепол, кое почнува на 15 и трае до 18 октомври во чилеанската престолнина.
Ланскиот обид на Приштина, Косово да стане полноправна членка на Интерпол беше неуспешна, затоа што иницијативата не доби потребен број гласови.
Претходно, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека од ланското собрание на Интерпол во Дубаи, на кое не беше прифатено барањето на Косово, не дошло до никакви промени кои би придонеле за смена на одлуката.
Смета дека евентуален прием нби довел до политизација на професионаланата полициска организација, а една долгорочните последици би била и распишување потерници врз основа на политички, а не полициски критериуми.