Поради свинскиот грип кинеските фармери мораа да убијат меѓу 250 и 300 милиони свињи, а таквата ситуација се одрази на залихите свинско месо, па владата ги предупреди дека до 2020 година нема да има свинско.
Кина како најголем потрошувач во светот на свинско месо (повеќе од 50 отсто од светската потрошувачка) најдоа решение со одгледување поголеми и потешки свињи.
Така некои фармери во провинцијата Гуангси почнале да одгледуваат свињи потешки од 500 килограми, тешки како бели мечки. Цената на овие свињи на кинескиот пазар е до 1.400 долари, што е тројно повеќе од една месечна плата во провинцијата.
Најголемата и најтешка свиња одгледана во Кина во последната деценија тежеше 900 килограми.
China is breeding giant pigs the size of polar bears https://t.co/MYitvaoqnq
— Bloomberg (@business) October 6, 2019