Боб-фризурата е тренд кој никогаш не згаснува, а многу популарни жени се охрабруваат и го носат овој безвременски изглед.
На боб-изгледот не му одолеаја ниту Ирина Шајк, Ким Кардашијан, Моника Белучи, Иванка Трамп и Пријанка Чопра, а една од најпознатите „носителки“ е пејачката Софи Елис Бекстор.
Но, треба да знаете дека оваа фризура не е лесна за одржување и дека треба добро да размислите дали можете да обрнувате толку внимание колку што „бара“.
Фризерите сакаат да ги знаете следниве три нешта:
Обликот на лицето е важен
Бобот одговара на речиси секој облик на лице, а важно е само да го одберете вистинскиот. Консултирајте се со својот фризер, тој најдобро ќе знае каков облик на фризура ќе одговара на вашето лице. Послушајте го и не обидувајте се да го уверувате во нешто што вие мислите дека ќе ви стои, за да не си отидете незадоволни.
Текстура на косата
Обликувањето е нешто што ќе треба да го правите секој ден. За тенка коса, изберете пократок боб, додека за густата коса е подобро подолг пресек. Ако имате локни, можеби ќе сакате да го прескокнете овој тренд.
Често одење на фризер
Кратката коса не значи и помалку грижи. Боб-фризурата треба редовно да се одржува, бидејќи само еден пукнат врв може да го уништи целосниот впечаток.