Мандиќ донесена пред Русковска на рочиштето за притвор

од desk2
180 прегледи

Осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски,пред неколку моменти беше донесена во судот, каде треба да се појави на рочиштето за притвор пред обвинителката Вилма Русковска.

Мандиќ е една од осомничените во новата истрага за „Рекет“ што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Истражната постапка ќе се спроведува против пет физички лица и едно правно лице.

Покрај Мандиќ, меѓу осомничените е и Фросина Ременски почесна претседателка на невладината на Боки 13 и функционерка од СДСМ за која Обвинителството бара да и биде одземен пасошот или редовно да се појавува во судот.