Манчини: Италија не е толку далеку од врвните екипи

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, смета дека неговите момчиња не се многу далеку од најсилните тимови во Европа по совршената квалификациска кампања за пласман на ЕП 2020, која „азурите“ ја имаат.

Синоќа Италија ја совлада Грција со 2:0, обезбедувајќи место на завршницата на Европското првенство. Италијаците имаат 7 победи во исто толку натпревари, па така резултатите од останатите три натпревари во групата „Ј“ се безначајни.

Рангирањето беше прифатено се еуфорија во земја која доживеа вистински хорор во 2018 година, пропуштајќи го Светскиот куп за прв пат по 60 години.

– Се обидовме да ги натераме играчите да веруваат во себе, затоа што сите рекоа дека во Италија нема добри играчи кои имаат квалитети. Морате да бидете потрпеливи на моменти. Можеби не сме тим од светска класа, но ние сме тим кој работи напорно и има да помине уште долг пат. Мислам дека ќе биде полесно сега кога веќе знаеме дека обезбедивме пласман, затоа што нашите противници ќе бидат поотворени и не така дефанзивно ориентирани, изјави Манчини по мечот.

Тој додаде дека имаат уште една година за подобрување на перформансите и дека не се далеку од топ тимовите во Европа.

– Имаме една година да се подобриме и мислам дека не сме толку далеку од најсилните тимови во Европа. Навистина се чувствувам горд затоа што ситуацијата не беше добра кога пристигнав. Тоа е фудбалот и мило ми е што успеав да помогнам, додаде Манчини.

Слични содржини