Едно најново истражување спроведено во Велика Британија како најлоши возачи ги издвои сопствениците на BMW возила.
Околу 80% од возачите во истражувањето рекле дека од сопствениците на BMW очекуваат агресивно возење, а 34% од луѓето рекле дека никогаш не бис е дружеле со личност која вози автомобил произведен во Германија.
Во прилог на ова одат и бројните пребарувања на Google за возачите на BMW модели што вклучуваат прашања како „зошто не може да очекувате од возач на BMW да употреби трепкач кога врти?“ и „зошто сопствениците на BMW ужасно се однесувата во сообраќај?“
На второ место на листата најомразени возачи се сопствениците на Ford возила – 75% од испитаниците изјавиле дека не ги сакаат возачите со автомобили од овој американски бренд.
На трето место се најдоа сопствениците на Audi возила за кои 50% од испитаниците рекле дека не ги сакаат. Од вкупниот број на испитаници, 71% рекле дека според нив сопствениците на Audi возат пребрзо, а 14% рекле дека никогаш не би биле во врска со некој кој вози автомобил од овој бренд.
Најчести пребарувања на Google биле прашања како „зошто возачите на Audi се толку лоши?“ и „зошто возачите на Audi се толку арогантни?“
Како најпријателски биле оценети сопствениците и возачи на автомобили Toyota, но 10% од испитаниците сметаат дека возат пребавно.