Хороскопот открива кои се најголемите зависници од социјални мрежи

од desk4
297 прегледи

Три хороскопски знаци посветуваат многу од своето време на интернетот и социјалните мрежи и имаат сериозен проблем кога треба да се „исклучат“ на подолго време.

Дали сте и вие меѓу нив? Дали сакате помалку време да „типкате“, а сепак не можете без сето тоа.

Ова се трите хороскопски знаци кои се најголеми онлајн-зависници:

Близнаци

Тие буквално спијат со мобилниот телефон или таблетот. Не поминува ни ден без да проверат што има на Фејсбук или Инстаграм. Нив комуникацијата им е најважна и не сакаат ништо да пропуштат, но и коментираат, бидејќи сметаат дека нивното мислење треба да стигне до поширока публика.

Скорпија

Скорпиите сакаат да бидат во тек со сè и уживаат во тоа да ги демнеат личностите кои ги интересираат на социјалните мрежи. Малку откриваат за себе, но за другите сакаат да знаат буквално сè. За нив може да се каже дека се вистински онлајн детективи.

Лав

Тие сакаат да добиваат внимание и ќе направат сè за да бидат забележани на социјалните мрежи. Всушност, нив не ги интересира многу што другите прават, туку сакаат да бидат видени и да ги воодушевуваат своите следбеници, било да е тоа со фотографија или некој мудар статус.

Слични содржини