Протести на пензионерите и таксистите во Белград (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Белградските пензионери од друштвото „ПКБ“ го блокирале Зрењанинскиот пат кај населбата Збег, со барање државата да им ги врати 6.666.000 акции, одземени во 2009 година, објави „Вечерње новости“.

На протестот се собрале околу 550 пензионери, коишто поседувале акции и го затвориле патот во времетраење од еден час што било доволно да се создаде голема колона во правец кон Белград, но и нервоза меѓу возачите коишто се обидувале да минат низ протестот.

Тоа предизвикало реакција на десетина полицајци присутни, коишто го регулирале сообраќајот да се одвива по алтернативни патишта.

Во меѓувреме, 12 дена по ред траат протестите на белградските таксисти.  Тие во четири колони, секоја со почеток под различна локација, се движеа кон зградата на Владата со што целосно го сопреа нормалното одвивање на сообраќајот во српската престолнина.

Слични содржини