Заев упати порака до граѓаните: Никој не може да не спречи да продолжиме по патот на кој цврсто напредуваме

од Vladimir Zorba
323 прегледи

„Во јуни и јули од Брисел ни стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати за старт на преговори за членство во ЕУ. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел по очекуваната и заслужена вест – одлука да почнеме преговори за членство на С. Македонија во ЕУ. Започнувањето на пристапните преговори за нас значи нов процес на задачи, рокови и упорна работа на граѓаните, институциите и целото општество, за да го подобриме животот на граѓаните на Северна Македонија во сите области. Треба позитивна одлука СЕГА и ВЕДНАШ!“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со евркомесарот Хан од Брисел.

„Сакам да упатам порака до моите граѓани: Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – раст на платите; борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето; социјална заштита на ранливите, градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин. Не ја гасете светлата ѕвезда кон која се стремиме. Не станувајте нашата пречка. Бидете нашите херои.“ – порача Заев.

По заедничката прес конференција премиерот Зоран Заевна својот Твитер профил упати благодарност до еврокомесарот Јоханес Хан за целиот негов напор во, како што пишува Заев, изминатите години, месеци и денови.

Комесаре Хан, ве уверувам дека Република Северна Македонија високо го цени ова и никогаш нема да го заборави. Вие сте голем пријател на нашата земја! – му порача Заев.

Слични содржини