Најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде директна со нас. Доколку повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, доколку ветувањето до самиот во Солун во 2003 година не важи, граѓаните заслужуваат да го знаат тоа, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Твитер профил откако земјите членки не постигнаа согласност за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори.
Димитров исто така упати благодарност до сите лидери кои дадоа поддршка за С. Македонија да ги започне преговорите и потенцираше дека земјата ќе ќе продолжи со бранење на вистинските европски вредности.
„Благодарност до сите лидери кои се бореа напорно за ЕУ да отвори пристапни разговори, со што се признава и зацврстува историскиот Преспански договор, поттикнувајќи ги домашните реформи и го поддржуваме европскиот наратив во Северна Македонија, земја-кандидат веќе 14 години“.
„Додека чекаме обновен консензус, ние мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома“, напиша Димитров на Твитер.
The least that the European Union owes the region is to be straightforward with us. If there is no more consensus on the European future of the Western Balkans, if the promise of Thessaloniki 2003 does not stand, the citizens deserve to know. 1/3
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) October 18, 2019
While we wait for a renewed consensus, we must continue to defend true European values at home. 3/3
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) October 18, 2019