Откако лидрите на државите членки на ЕУ не постигнаа согласност за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која меѓу другото побара оставка од премиерот Заоран Заев, а истиот став го имаат и од Движењето БЕСА на Билал Касами и од Алијансата на Албанците.
„Се чини дека уште еднаш неуспесите на владата беа далеку поголеми од подготвеноста на некои европски земји за да не примат во ЕУ. Длабоката криза во која е Северна Македонија во пресрет на последниот неуспех на оваа влада, најдобро ја покажува поканата на претседателот на државата за лидерска средба во недела. Движењето БЕСА својот став за излегување од кризата, исто така ќе го претстави на состанокот на лидерите и ќе повика на предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението на Движењето Беса.
Претходно лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Селан истакна дека ако не се добие датум за преговори, дека е потребно да се формира техничка влада и да се спроведат предвремени парламентарни избори на пролет.