Богат спортскипинг понгарски викенд

од desk4
361 прегледи
Денес во Прилеп се одигра третиот турнир од двете најсилни конкуренции, Супер лигата и Првата лига.
Во супер лигата агонијата на сеуште актуелниот шампион продолжува, Вардар без Станојковски во своите редови речиси е непрепознатлив, денес во рамките на четвртото и петтото коло вардарци претрпеа два порази и се наоѓаат на последното седмо место.
Неизвесен натпревар одиграа прилепски Младост 96 и Шампион Фа од Штип, славеа штипјани со 4:1 но три од вкупно пет одиграни партии завршија со резултат 3:2.
Неприкосновен лидер во суперлигашката табела е Младост од Прилеп кој и денес не дозволи да изгуби ни една партија, па така прилепчани имаат скор пет победи од пет натпревари и 16:0 скор на партии.
 Во првата лига Телеком НЕЦ 2 ја продолжи серијата без пораз и соквалитетот на играчите во нивната екипа претставуваат најсериозен кандидат за пласман во супер лигата. По службено изгубениот натпревар Струга има серијаа од 4 победи и се во одлична серија пред последниот турнир, кога се среќаваатсо првите две екипи Телеком НЕЦ 2 и Крѕва Паланка 2007.
Табела Супер Лига

Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Младост 4 4 8
2 Шампион_ФА 4 4 8
3 Младост_96 4 3 7
4 Работнички 4 2 6
5 Радовиш 5 1 6
6 Телеком_НЕЦ 5 1 6
7 Вардар 4 0 4
Резултати Супер Лига 4 и 5 коло
 
IV КОЛО Телеком_НЕЦ Работнички 0 : 4
Младост :
Радовиш Вардар 4 : 3
Младост_96 Шампион_ФА 1 : 4
V КОЛО Шампион_ФА Телеком_НЕЦ 4 : 0
Вардар Младост_96 1 : 4
Младост Радовиш 4 : 0
Работнички :
Табела Прва Лига
Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Телеком НЕЦ 2 5 5 10
2 Крива Паланка 2007 5 4 9
3 Струга 5 4 8
4 Мултитекс 5 3 8
5 Кочани 5 2 7
6 Борец ТИМ 5 1 6
7 Пошта 2 5 1 6
8 Дебар Маало 5 0 5
Резултати Прва Лига 4 и 5 коло
 

IV КОЛО Пошта 2 Телеком НЕЦ 2 0 : 4
Борец ТИМ Крива Паланка 2007 2 : 4
Дебар Маало Кочани 1 : 4
Струга Мултитекс 4 : 1
V КОЛО Мултитекс Пошта 2 4 : 0
Кочани Струга 3 : 4
Крива Паланка 2007 Дебар Маало 4 : 1
Телеком НЕЦ 2 Борец ТИМ 4 : 0
 
 Исто така вчера во Прилеп за прв пат се одржа рангирен турнир за млади кадети на возраст под 12 години.
На турнирот кај кадетите најуспешен беше Александар Јакимовски од Крива Паланка кој во финалето го совлада Ненад Тиловски од Телеком Нец 2 со 3:0
Пласман Кадети

1.Александар Јакимовски

2.Тиловски Ненад

3.Давид Јоноски, Давид Иванов

Кај кадетките беа пријавени 5 натпреварувачки. Најуспешна беше Фани Јовановска од Крушево.

Пласман Кадетки
1.Фани Јованоска

2.Сара Стојановска

3.Матеја Смолиќ

4.Марија Котеска

5.Марија Стојановска

Благодарение на одличната сорботка на ППФМ со другите асоцијации од Европа, Лука Стојчев од Шампион ФА и Фани Јовановска од Крушево од 28 Октомври до 4 Ноември ќе учествуваат на камп во Шведска. Тренер на Лука и Фани ќе биде Сашко Богатинов. Покрај учеството на кампот каде што ќе бидат тренирани од врвни тренери, Фани и Лука ќе учествуваат и на силен турнир.

Испраќањето на Фани е Лука од страна на пинг понгарската федерација е како резултат на договорот за соработка кој ППФМ го има со Шведска.

ППФМ и во иднина акцент на своите заложби ќе стави во напредокот на младите генерации на играчи.

Ова нема да биде изолирана активност, имаме договор со шведската федерација и со спортскиот директор Микаел Андерсен за подршка на нивната федерација на развојот на сите наши кадетски и младински категории со редовно присуство на нашите играчи и тренери во Копинг, нивниот тренинг центар во близина на Стокхолм како и присуство на нивните тренери и репрезентативци кај нас.