Секој од нас спие на одреден начин, кој му е најудобен и му дозволува да се наспие и одмори во текот на ноќта.
Но, дали знаете дека само една од многуте положби на спиење е најздрава и најбезбедна за вас?
Се работи за спиењето на грб, а еве и зошто тоа е така. Тогаш ‘рбетот и вратот имаат најнеутрална и најприродна положба и ќе се поштедите од болки во грбот. Кога спиете на грб, никаде нема дополнителен притисок, ниту на колковите, ниту на рамениците, ниту на градната коска.
Интересно е тоа што спиењето на грб е намалку популарна положба, околу 8% од возрасната популација. Од друга страна, најмалку 40% спијат во познатата фетус-положба.
Спиењето на грб не е препорачлуво за трудниците и за оние кои страдаат од ноќна апнеа. Бремените жени најдобро е да спијат на страна или во фетусна положна, бидејќи на тој начин не го попречуваат дотокот на кислород и хранливи материи до плодот.
Оние пак, кои имаат проблеми со застој во дишењето и зачестено ‘рчење, најдобро е да спијат на стомак. Имајте на ум дека ако спиете во лоша положба, ризикувате да се разбудите со трнење во екстремитетите, болки и иритирани нерви.
Затоа, доколку немате оправдана медицинска причина да не го направите тоа, обидете се да ја применувате положбата на спиење на грб.