Колку често треба да ја миете косата според нејзиниот тип?

од desk4
318 прегледи

Сосема е погрешно верувањето дека масната коса треба да се мие секој ден, исто како и тоа дека сувата може да остане неизмиена 7-8 денови.

Според фризерите, секој тип на коса бара различна нега, а вие треба да ја прилагодите рутината според тоа каква ви е косата.

Следете ги овие правила:

Нормална коса

Можете да ја миете дури и секојдневно, но нема потреба од тоа. Доволно е еднаш на пет дена, а во меѓувреме користете сув шампон. Имајте на ум само дека и со него не треба да претерувате, за да избегнете лепење на влакната едни за други, правејќи косата да изгледа неуредно.

Сува коса

Секојдневното миење може да ја направи кревка и кршлива. Мијте ја двапати неделно, најмногу трипати и користете нежни шампони. Регенераторот мора да биде наменет токму за овој тип на коса. Еднаш неделно задолжително користете хранлива маска за коса.

Масна коса

Секојдневното миење стимулира зголемено лачење на масла. Всушност, добро би било кога би издржале неколкупати без да ја миете 5-6 дена. Може да биде доста тешко, како и естетски не многу пријатно, но после еден месец ќе забележите дека косата доста помалку ви се масти.

Виткана коса

Поради самата структура на влакното, оваа коса речиси и да не се масти и подолго време изгледа здраво и свежо. Задолжително е користење хидратантен шампон, маска за коса, како и маслени додатоци за нега, кои помагаат заплетканите влакна полесно да се расчешлуваат.

Слични содржини