Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис за 2020 година

од desk4
169 прегледи

Светска банка во најновиот извештај Дуинг бизнис за 2020 година со 80,7 поени ја рангира Северна Македонија на 17-тото место според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.

– Олеснето е склучувањето и спроведувањето на договорите и поедноставено е пресметувањето на давачките за спроведување, што го направи целиот процес поевтин, се наведува во извештајот. Се посочува и дека земјава ги промени одредбите за работна сила, правилата за технолошки вишок, повторно вработување и отпремнина.

Од европските земји, најдобро позиционирани на листата на Дуинг бзинис се Данска, Норвешка, Шведска и Литванија, додека земјите од регионот се меѓу 37-то и 90-то место.

Словенија е рангирана на 37-то место, Србија на 44-то, Црна Гора на 50-то, Хрватска 51-ва, Косово 57-ма, Албанија 82-ро и Босна и Херцеговина на 90-тото место.

Првите 10 места ги заземаат Нов Зеланд, Сингапур, Хонг Конг, Данска, Кореа, САД, Грузија, Велика Британија, Норвешка и Шведска.

„Doing Business 2020“ е 17-тото издание што ги испитува реформите на одредбите што го поттикнуваат или спречуваат развивањето на бизнис активностите. Истражувањето претставува збир на квантитативни индикатори за бизнис одредби и заштита на имотни права во 190 земји. Покрива одредби од 12 аспекти на еден бизнис: започнување бизнис, добивање дозволи за градба, приклучок на електрична енергија, регистрирање имот, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, трговија, спроведување договори, справување со стечај, вработување и склучување договори со владата.

Податоците од ова истражување се однесуваат на период од 1 мај 2019. Преку овие индикатори се анализираат економските последици од одредбите и се анализира кои реформи во оваа област функционираат, каде и зошто.

Минатата година земјата била рангирана на 10-тото место

Слични содржини