Албанската опозициска Демократската партија ја поздрави Резолуцијата на Европскиот парламент во која се бара ЕУ да почне пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија.
Во партиската реакција која генералниот секретар Газменд Барди, ја пренесува на Фејсбук, рече дека „за се отворат преговорите на Албанија и е потребна нова влада.
-Албанија има среќа што има толку многу пријатели и поддршка на патот кон европската интеграција. Благодарност за денешната поддршка на Европскиот парламент. Ова е уште една јасна порака дека Европа ја смета Албанија како дел од неа,напиша Барди на Фејсбук.
Додава дека обврска на Албанија е, без да изгуби ниту една минута, да ги исполни сите услови за да не го добие следното одбивање.
-На Албанија и е потребна Влада која ќе произлезе од слободни и фер избори, чиј приоритет е европската интеграција, која ќе биде искрена со своите европски партнери, која ќе се ангажира на исполнување на 9-те услови и ќе работи за Албанците и Албанија како цела Европа, посочува Барди.