Како сè можете да ја користите кремата за раце?

од desk4
445 прегледи

Сигурно не сте ни помислиле дека кремата за раце може да има многу поширока примена од нејзината првична намена, нега на кожата на рацете.

Секако, во следниве неколку случаи може да „скокне“ како замена за друг производ, но тоа не значи дека може целосно да се откажеме од нив и да се препуштиме само на кремите за раце.

Сепак, добро е да ги знаете овие неколку примени:

Миење раце

Ако немате сапун, со хидратантна крема можете да ги измиете рацете и да ги исплакнете добро со вода. Сепак, ова можете да го применувате во итни случаи, бидејќи го нема антибактерискиот ефект како и сапуните.

Кондиционер за коса

Кремите за раце содржат хранливи материи и масла кои ќе го омекнат влакното и ќе помогнат полесно да ја расчешлате косата. Но, внимавајте, ова не треба да ви премине во секојдневна практика.

За чистење кожа

Вашите кожени чанти, јакни и чевли можете да ги исчистите многу лесно со кремата за раце. Тријте со памучна крпа и пребришете убаво, за да не останат траги.

Одлепување етикети

Залепените етикети на садовите или предметите за домаќинство лесно ќе ги одлепите ако врз нив нанесете тенок слој крема, оставите лепакот и хартијата да оменат и отстранете внимателно.

‘Рѓосани ножици

Ако подолго време не сте ги користеле ножиците, може да ‘рѓосаат. Кремата за раце може да ви помогне да ги исчистите трагите од ‘рѓа и повторно да ги користите ножиците.

Слични содржини