Близок човек на Путин: „Се зголемува ризикот од употреба на нуклеарно оружје“

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ во средата соопшти дека Западот ја покажал својата агресија кон Русија, но кога станува збор за нуклеарното оружје, Москва има своја доктрина и тоа нема да се промени.

Секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, моќен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, претходно во средата изјави дека „деструктивната“ политика на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје.

Запрашан да ги коментира тие изјави, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Патрушев е секретар на Советот за безбедност. Тој е дел од Кремљ. А неговите изјави се изјави од Кремљ“.

„Што се однесува до Руската Федерација, имаме доктрина во која се е јасно наведено. Нема промени. Тоа го потврди и претседателот“, рече Песков.

Како секретар на Советот за безбедност на Русија, Патрушев е во центарот на одлучувањето за надворешната и безбедносната политика.

Патрушев не даде конкретни детали за тоа каде би можело да се користи оружјето за масовно уништување, но го обвини Вашингтон дека не успеал да донесе мир на Блискиот Исток и дека ја ескалирал војната во Украина со поддршката на Киев.

Патрушев рече дека Западот со години ја подготвувал Украина за војна со Русија и дека Украина се обидела да ги нападне руските нуклеарни централи, вклучително и електраните Ленинград, Калинин и Курск.

„На 26 октомври, украински беспилотно летало удри во складиште за нуклеарен отпад во областа на нуклеарната централа Курск“, рече тој на државната телевизија.

„Ројтерс“ не можеше да ги потврди неговите тврдења, за кои тој не понуди конкретни докази. Украина не коментираше веднаш.

72-годишниот Патрушев е поранешен офицер на КГБ, го познава Путин од 1970-тите кога работеле заедно во советската служба за безбедност. Неговите изјави даваат увид во начинот на размислување во самиот врв на елитата на Кремљ.

Слични содржини