Прентовиќ: На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари

од desk4
183 прегледи

„Денес можеме со сигурност да кажеме дека Земјоделските мерки на Владата предводена од СДСМ се на прав пат. На последната седница на Влада е донесена одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година“, изјави Татјана Прентовиќ, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ на денешната прес-конференција.

Прентовиќ истакна дека со дополнителната субвенција се исполнило ветеното за договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година и дека со тоа СДСМ покажува дека води грижа за земјоделците.

„На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа. Со оваа нова дополнителна субвенција се исполни ветеното за договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година. Со Ребалансот на буџетот, со кој се обезбедија нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи, во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците. Со сумата од ребалансот, вкупниот буџет за субвенци годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања“.

 

Слични содржини